2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛуфтханза повторно штрајкува, 25.000 патници чекаат

Луфтханза повторно штрајкува, 25.000 патници чекаат

strajk luft 222

Најголемиот германски авио-превозник, „Луфтханза“, денеска откажа 200 летови поради новиот штрајк на пилотите кој е најавен за попладне, со што ќе бидат погодени околу 25.000 патници.

Синдикатот на пилотите „Ферејнигунг кокпит“ повика на одржување на шестчасовен штрајк, од 17 до 23 часот, а причините за тоа се плановите на „Луфтханза“ да ја замени политиката за рано пензионирање.

Штрајкот ќе биде одржан на најголемиот германски аеродром во Франкфурт и главно ќе важи за домашните и регионалните летови.

Според соопштението од „Луфтханза“, некои од летовите ќе бидат откажани веќе до 13.30 часот, а поголемиот дел од летовите од 16 часот.

Според прописите, пилотите на „Луфтханза“ имаат можност за заминување во предвремена пензија веќе со 55 години, но авио-компанијата тоа сега сака да го промени и да ја подигне границата на минимални години за заминување во пензија, како и да ги вклучи пилотите во финансирање на нивните пензии.

Минатиот петок, германската компанија „Германвингс“, ќерка-фирма на „Луфтханза“, откажа 116 летови, затоа што пилотите штрајкуваа поради спорот со управата на „Луфтханза“ исто во врска со програмата за пензионирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП