26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВеро центар со низа активности ќе го прослави почетокот на новата училишна...

Веро центар со низа активности ќе го прослави почетокот на новата училишна година

vero

Овој викенд во Веро-центарот сите потрошувачи, а особено учениците, ќе можат да уживаат во забавната програма со која ќе се одбележи почетокот на новата училишна година.

Предвидени се голем број на забавни игри, тим билдинг занајмладите, сликање на чадори заедно со артисти, креирање мозаици и многу други активости.

„Уште една нова учебна година започнува, а како и секоја година претходно така и оваа Веро центарот си постави за задача да ја направи што повесела и поинтересна за помалите но и повозрасните ученици. Првото училишно ѕвонче носи многу возбуда како за учениците така и за нивните родители па преку забавните и едукативните игри кои ги подготвивме годинава  се надеваме ќе им овозможиме семејно дружење кое ќе ги поттикне децата на учење но низ игра и забава“, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер на Веро.

Веро-центаротги повикува сите заинтересирани да дојдат во петок на 5 септември од 17 часот и сабота и недела, 6 и 7 септември од 11 часот и да поминат незаборавен и најзабавен почеток на училишната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП