28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасниот комплекс Oberoi Vanyavilas (фото)

Прекрасниот комплекс Oberoi Vanyavilas (фото)

villk1

Прекрасниот комплекс „Oberoi Vanyavilas“, е дел од групата „Oberoi Hotels & Resorts“…

Тој се наоѓа на три часа возење од Сангханер – аеродромот во Џајпуру.

Високо рангираниот комплекс, опкружен со прекрасни вегетации предизвикува вистинска возбуда кај неговите посетители. Добредојде ќе ви посака пријателски настроениот персонал кој ќе ве послужи со домашни бисквити и кафе. Комплексот поседува 25 луксузни шатори со раскошен ентериер. Целосна удобност за време на вашиот престој ќе ви овозможи хидромасажната бања со ретро дизајн.

Активностите како што е јавањето слонови, прошетката низ џунглата, каде речиси секоја година бенгалските тигри се вистинска атракција за туристите, јога часовите, медицинските и релакс масажи ќе ви го овозможат вашиот одмор од соништата.

Внатрешноста на главната зграда е дизајнирана во ретро стил, а во главниот ресторан на ѕидовите и столбовите се нацртани прекрасни ретро елементи, кои на  просторот му даваат комплетна убавина.

Мебелот е рачно изработен од дабово дрво, везените постелнини и перници се дело на познатите локални мајстори, елементите како што се ламбите, кожните теписи и гоблените се стари повеќе години.

Внатрешноста на целиот комплекс зграчи со топлина која ќе ви обезбеди сигурност и вистинска релаксација.

Нормално, со убавината доаѓа и цената, затоа едно ноќевање во овој прекрасен комплекс ќе ве чини 350 американски долари.

villk7

villk8

villk5

villk3

villk4

villk2

villk9

villk6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП