24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната разгледува можности за помош на Кипар

Еврозоната разгледува можности за помош на Кипар

eu111111

Владите на земјите од еврозоната ја разгледуваат можноста за привлекување на сопствениците на големите банкарски сметки за помош на Кипар, пишува весникот „Зидојче цајтунг“.

На тој начин кон спасувачкиот пакет од Европскиот стабилизациски механизам и Меѓународниот монетарен фонд ќе бидат привлечени средства од богати сопственици на сметки во кипарските банки, вклучувајќи и од странство, како и големи концерни, кои работат во државата.

Кипар во ноември 2012 година ги усогласи со меѓународните кредитори, условите за доставување финансиска помош од околу 17,5 милијарди евра. Неговите партнери од ЕУ сепак го одложија донесувањето на конечната одлука на неопределно време поради одредени проблеми, пред се способноста на Никозија да го исплати долгот.

Освен тоа европските политичари, вклучувајќи ги и германските се сомневаат во транспарентноста на финансискиот систем на Кипар, кој е на работ на банкрот и ја обвинуваат земјата дека е даночен рај за олигарсите особено за руските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП