2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa и ANA Holdings основаа заедничка компанија

Lufthansa и ANA Holdings основаа заедничка компанија

Lufthansa_loading_pic_3

Јапонската авиокомпанија „ANA Holdings “ и германската „Lufthansa“ основаа заедничка компанија, во чии рамки планираат соработка во областа на товарниот авиосообраќај.

Товарниот сообраќај ќе се спроведува на правците помеѓу Јапонија и Европа.

Во заедничкото соопштение на авиокомапниите се наведува дека ги добиле регулаторните одобренија за партнерство, кои ќе им овозможат заеднички да планираат, наплатуваат , продаваат и раководат со сите правци помеѓу Јапонија и Европа, јавува агенцијата Фрнас прес.

Со ваквиот потег, како што оценува Франс прес, двете авиокомпании настојуваат да се изборат со острата конкуренција во вид на нискобуџетните авиопревозници на патничките правци.

„Од заедничката компанија корист ќе имаат клиентите, бидејќи на располагање ќе им биде поголем избор на патни правци и поширок спектар на услуги. Клиентите особено ќе профитираат од поголемите и побрзи мрежи со повеќе директни летови, поголем број на дестинации и почести летови“, се наведува во заедничкото соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП