19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕBugatti часовник од 430.000 долари (фото)

Bugatti часовник од 430.000 долари (фото)

bugt1

„Parmigiani“ и „Bugatti“ брендовите прославуваат 10 години од своето партнерство…

По тој повод, тие претставија уште еден резултат од нивната беспрекорна соработка, односно серија уникатни часовници. Еден од нив е часовникот „Parmigiani Bugatti Mythe“. Базиран е на „Type 370“ часовникот и дизајниран како часовник за возачи, „Mythe“ моделот има латерален временски дисплеј, па така лесно се чита на него и додека управувате со автомобилот. Бројчанокот со своите пруги и иницијали на двете компании, потсетува на непогрешливиот стил на „Bugatti“ автомобилите.

„Parmigiani Bugatti Mythe“ има рачен механизам за навивање „PF370“ кој има фрекфенција од 3 Hz, со десет дена резервна енергија и 314 делови. Куќиштето е напревено од розево злато, со црни делови од рутениум, широко е 32,4мм а долго 52,5мм.

Овој фантастичен часовник чини колку и еден скапоцен и луксузен автомобил со многу високи перформанси. Многу ексклузивен и направен од најфини материјали, овој часовник чини 430.000 долари.

bugt2

bugt3

bugt4

bugt5

bugt6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП