13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел се надева на создавање моќна трговска зона меѓу ЕУ и САД

Меркел се надева на создавање моќна трговска зона меѓу ЕУ и САД

angela1

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија силно го поддржува предложениот трансатлантски трговски договор меѓу САД и ЕУ.

Овој предлог доби поддршка од двата континента, меѓу кои и од американскиот претседател Барак Обама, кој изјави дека слободната и праведна размена преку Атлантикот претставува поддршка за милиони работни места во САД, пренесува агенцијата АП.

Меркел на вчерашното обраќање во германскиот парламент изјави дека се надева дека преговорите во оваа година ќе резултираат со договор кој нема да обезбеди само поттик во трговијата, туку ќе создаде моќна трговска зона во која САД и ЕУ заедно ќе ги постават стандардите и нормите.

„Доколку не го сториме тоа, тогаш некој друг ке го направи тоа според сопствени производни стандарди, кои понекогаш се далеку од нашите вредности“, изјави Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП