Руската национална Агенција за безбедност на храната и заштита на потрошувачите затвори уште три ресторани на американскиот ланец за брза храна „McDonald’s“ по спроведената санитарна инспекција.
„McDonald’s“ соопшти дека привремено се затворени три ресторани – еден во Москва и два во Сочи.
Руската агенција претходно затвори пет ресторани на „McDonald’s“, три во Москва, еден во Стравопол и Екатеринбург.
Меѓу претходно затворените ресторани е и првиот „McDonald’s“ кој е отворен во Советскиот Сојуз во 1990 година.
Како што е наведено, рестораните се затворени поради непочитување на санитарните прописи, а ова се случува во момент на голема напнатост помеѓу Западот и Русија поради кризата во Украина.
Русија, како што е веќе познато, на санкциите од Европската унија и САД одговори со забрана на увозот на многу прехрамбени производи од земјите кои и воведоа ембарго.