3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTiffany & Co. ја зголеми прогнозата за профитот во 2014

Tiffany & Co. ја зголеми прогнозата за профитот во 2014

tiffany_co_pacchetto-1024x769

Американскиот производител на луксузен накит „Tiffany & Co.“ во вториот квартал го зголеми нето профитот за 16 проценти, на 124 милиони долари, благодарение на растот на американскиот континент и во регионот на Азија и Пацификот, соопштија од оваа компанија.

Во согласност со овие резултати, „Tiffany & Co.“ ја зголеми прогнозата за профитот по акција за цела година, сметајќи на 4,20 до 4,30 долари, наместо 4,15 до 4,25 долари, колку што беше претходно објавено.

Што се однесува на прогнозите за цела година, „Tiffany & Co.“ очекува раст на приходите од најмалку 10 проценти во однос на преходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП