19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕChateau d’Yquem - Најскапото шише бело вино

Chateau d’Yquem – Најскапото шише бело вино

20130105-203552.jpg
Оваа година најскапото шише бело вино е продадено за импресивна цена од 75.000 фунти, односно околу 118.000 долари, што воедно е и најскапото шише бело вино продадено досега. Тоа е шишето „Chateau d’Yquem“ од 1811 година, од јужниот дел на Бордо, Франција.
Повеќето бели вина не треба да стојат подолго време и да остарат, но слаткото бело вино од „Chateau d’Yquem“ е познато по тоа што може бесконечно да стои, а да не се расипе. Многу познавачи на виното мислат дека фаворизирањето и сложеноста на виното доаѓа од уникатната микроклима на ридот каде што се наоѓа тој замок.
Бербата во 1811 година е позната по своите добри критики и како една од најдобрите години во регионот на Бордо. Застапниците за вино „Роберт Паркер“, го оцениле виното со перфектни 100 поени во 1995 година. Бербата од 1811 година е позната и како „Берба на комети“.
Флаугеровата комета во 1811 година била најимпресивната комета дотогаш видена од Земјата. Мајсторите за вино и винските ентузијасти, некако суеверно мислат дека добрите вина потекнуваат од годините кога кометите се видени на небото над Земјата.
Компанијата „Antique Wine“ го продала своето ретко и импресивно шише „Chateau d’Yquem“, на одличниот експерт и приватниот колекционер Кристијан Ванеку. Ова шише претходно беше „главно“ во „La Tour d’Argent“ ресторанот во Париз.
Ова шише сега ќе „отиде“ во новиот ресторан на Кристијан Ванеку „SIP Sunset Grill“ во Бали, Индонезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП