Ова е можеби и најскапата чанта на светот, но ќе биде достапна во само неколку модели и верзии…
„Louis Vuitton Crocodile“ женската чанта која своето деби го имаше на „Есен 2014“ модната ревија, ќе се најде на продажба за неверојатни 54.500 долари. Оваа чанта има два различни завршни детали во „Crock“ стил – тука се црната и кафената верзија. За разлика од другите чанти на овој бренд, оваа егзотична и луксузна убавица нема „LV“ монограми секаде по себе.
Сеуште не е познато колку парчиња од оваа чанта ќе бидат достапни за купување, но сигурно тој број ќе биде многу мал, нагласувајќи ја така ексклузивната и луксузна природа на овој совршен моден аксесоар.