4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Heineken подобри од очекуваните

Резултатите на Heineken подобри од очекуваните

heineken54747

Третиот најголем светски производител на пиво, холандската компанија „Heineken“, во првата половина од годината оствари подобри резултати од првично предвидените.

Резултатите се подобри пред се благодарение на намалените трошоци и растот на продажбата на сите пазари, освен во централна и источна Европа.

Во првата половина од годината, „Heineken“ забележал раст на оперативниот профит од 9,6 проценти, на 1,454 милијарди евра, додека, според аналитичарите, очекуваниот профит изнесувал 1,367 милијарди евра.

„Heineken“ очекува забавување на растот во втората половина од годината, но и понатака предвидува дека оперативната маржа за цела година ќе се зголеми за повеќе од 40 процентни поени, пренесува Ројтерс.

Растот на профитот во споменатиот период е остварен благодарение, пред се, на двоцифрената стапка на раст на продажбата на пазарите во западна Европа, особено во Франција и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП