29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot ја гради четвртата фабрика во Кина

Peugeot ја гради четвртата фабрика во Кина

peugeot 4088

Францускиот производител на автомобили „Peugeot-Citroen“ доби дозвола од властите на кинескиот град Ченгду за изградба на четвртата фабрика во Кина.

Агенцијата за економско планирање во провинцијата Сечуан, чиј главен град е Ченгду, одобри 12,3 милијарди јунаи (2 милијарди долари) за фабриката.

„Peugeot-Citroen“ и неговиот кинески партнер „Dongfeng“ соопштија минатиот месец дека го избрале Ченгду за изградба на фабрика и дека изградбата ќе започне во втората половина од годината, а производството во 2016 година.

Двете компании со заеднички силе веќе контролираат три фабрики во Вухан во централна Кина, со вкупен производствен капацитет од 750,000 автомобили годишно. Се очекува дека новата фабрика ќе произведува 320.000 возила годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП