Руските власти вчера го затворија четвртиот ресторан на „McDonald’s“ во земјата, првиот надвор од Москва, поради наводно прекршување на санитарните прописи.
Во соопштението на руската Агенцијата за заштита на потрошувачите, се наведува дека привремено е затворен уште еден ресторан на американскиот ланец за брза храна „McDonald’s“ во градот Ставропол на југот на Русија, но не е прецизирано точно кои санитарни прописи се прекршени, јавува агенцијата Франс прес.
Управата на Агенцијата за заштита на потрошувачите, на 21 август затвори три ресторани на „McDonald’s“ во Москва поради, како што наведе, бројните прекршувања на санитарните прописи, и покрена обемна инспекција во околу 400 ресторани на овој ланец на територијата на Русија.