28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИдниот чешки претседател сака да ги заштити интересите на ЧЕЗ во Бугарија

Идниот чешки претседател сака да ги заштити интересите на ЧЕЗ во Бугарија

20130221-204614.jpg

Новоизбраниот чешки претседател Милош Земан, кој функцијата ќе ја преземе на 8 март, ги советуваше домашните политичари како треба да реагираат за одбрана на интересите на полудржавната чешка енергетска компанија ЧЕЗ.

– Би требало да ги искористат сите контакти во ЕУ, арбитражниот механизам, но и да пристапат кон билатерални разговори, смета Земан, во врска со најавата дека на ЧЕЗ ќе и биде одземена лиценцата за работа во Бугарија.

Земан, како што јави дописникот на МИА од Прага, смета дека секоја разумна Влада треба да ги штити интересите на домашните компании, особено ако тие се во државна сопственост и ако се работи за национален интерес.

Претходно, актуелниот претседател Вацлав Клаус ја критикуваше чешката Влада, а особено министерот за надворешни работи Карел Шварценберг за „мекиот“ пристап кон решавањето на проблемите на ЧЕЗ.

– Тоа е политичка борба, каде ЧЕЗ се користи како инструмент, а не како причина, рече Клаус повикувајќи ги чешките министри да реагираат решително.

Претходно, бугарските власти најавија дека заради најдени неправилности во работата, под итно ќе и биде одземена лиценцата на чешката енергетска компанија. Подоцна бугарскиот регулаторен орган ја намали тензијата и рече дека ќе започне постапка за испитување на можните нерегуларности.

ЧЕЗ негирајќи какви било неправилности во своето работење, изрази убедување дека до одземање на лиценцата за работа нема да дојде.

Чешкиот амбасадор во Европската унија Мартин Повејшил, денеска соопшти дека со најновите настани во врска со работата на ЧЕЗ во Бугарија ги запознал и членовите на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП