7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена деловната активност во еврозоната

Намалена деловната активност во еврозоната

20130221-203410.jpg

Деловната активност на приватниот сектор во еврозоната овој месец забележа намалување, соопшти денес лондонската компанија „Маркит“, наведувајќи дека нејзиниот менаџерски индекс на набавка (ПМИ), кој е еден од водечките индикатори во европската монетарната унија, се намалил на 47,3 од 48,6-те индексни поени во јануари.

Минатиот месец активноста на приватните претпријатија беше на највисоко ниво во последните 10 месеци.

– Падот на индексот во февруари претставува разочарување и покажува дека еврозоната е на пат во првите три месеци од оваа година да забележи негативен економски раст, четврти квартал по ред, изјави главниот економист на „Маркит“, Крис Вилијамсон.

Тој нагласи дека, и покрај намалувањето на ПМИ, економскиот пад во првиот квартал би требало да биде помал во однос на 0,6-те отсто, колку што економијата во еврозоната се намали во последните три месеци од минатата година. Вилијамсон за овој квартал предвидува пад на бруто домашниот производ од 0,2 до 0,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП