Волшебниот остров Силуета се издига од кристално чистите и тиркизни води на индискиот океан на оддалеченост од 12 километри северно од Маха…
Единствениот ресорт кој се наоѓа на ова мало место и претставува парче од рајот на земјата е хотелот „Hilton Seychelles Labriz Resort&Spa“. Величенствени планини прекриени со густа шума се сјајна позадина за ова место, кое е сместено на долга плажа со бел деликатен песок, декорирана со гранитни карпи и палми.
Сместувачките единици во овој ресорт вклучуваат три видови на вили: „King Villa“, „Deluxe Pool Villa“ кои можат да бидат блиску до плажата или до рајските градини и ултра луксузната „Presidental Villa“ која е дифинитивно најдобриот дел од овој ресорт. Овде можете да уживате во италијанска или креолска кујна во различните ресторани или пак покрај базенот во удобните лежалки или фотелји. Исто така, тука е и опцијата за собна послуга, за оние кои сакаат да уживаат во интимен оброк на својата интимна тераса.
Гостите во овој хотел го имаат буквално целиот остров само за себе, а тука е и широкиот асортиман на активности во кои можат да уживаат. Активностите на вода се многу добро претставени, тука е и фитнес центарот, тенискиот терен и уште многу други погодности. После уживањето во забавата на отворено, гостите можат да го посетат фантастичниот спа центар во овој ресорт, кој е сместен на рид, на самиот раб со џунглата.