20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Berlin по загубата забележа профит

Air Berlin по загубата забележа профит

AirBerlinPlaneInFlight_1

Вториот најголем германски авиопревозник „Air Berlin“ во вториот квартал се врати на патот на профитот.

Истовремено од оваа компанија ветија дека до крајот на оваа година ќе спроведат обемна програма за реструктуирање на работењето.

Во периодот април-јуни, „Air Berlin“ забележа нето профит од 8,6 милиони евра, во споредба со згубата од 38 милиони евра во истиот период претходната година, додека приходите пораснале за 2,9 проценти на 1,146 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Успеавме да го унапредиме нашиот нето резултат и нашиот оперативен резултат во овој момент изгледа подобро од претходната година“, изјави извршниот директор на компанијата, Волфганг Прок-Шауер.

„Одлучни сме во настојувањето да го реструктуираме „Air Berlin“ со цел да обезбедиме одржлив профит во период од три години“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП