5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна невработеност во Хрватска

Рекордна невработеност во Хрватска

nvrabotenost1

Во Хрватска во јануари, стапката на невработеност изнесуваше дури 21,9 проценти, што е најголемиот забележан број во последните десет години.

Стапката на невработеност во 2002 година изнесуваше 22 проценти. Според податоците на Хрватскиот завод за вработување, без работа во моментов се 374,534 граѓани, а регистрирани се само 11,544 слободни работни места. Експертите сметаат дека бројот на невработени во првата половина од оваа година ќе достигне 400,000.

Министерот за труд и пензиски систем Мирандо Мршиќ неодамна изјави дека бројот на невработените ќе продолжи да расте, бидејќи секојдневно се губат се повеќе работни места, во споредба со оние што се вработуваат. Тој истакна дека првите промени на тој тренд можат да се очекуваат во втората половина од 2013 година,

Како причина за скок на невработеноста, експертите ја наведуваат долготрајната рецесија, стечајот или реструктуирањето на голем број компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП