3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА Шпанија ја избегна финансиската катастрофа

Шпанија ја избегна финансиската катастрофа

shpanija1

Претседателот на шпанската влада Маријано Рахој изјави дека во првата година на власт, успеал да го избегне „потопот“ и да го намали буџетскиот дефицит на помалку од седум проценти.

-Шпанија лани го намали јавниот дефицит под седум проценти од БДП и избегна финансиска катастрофа, рече премиерот.

– Ја оставивме зад себе опасноста која ни се закануваше – се обрати Рахој на парламентот во Мадрид.

Премиерот исто така рече дека мерките за штедење довеле до тоа дефицитот да биде намален од 9,4 проценти од БДП од 2011 на под 7 проценти во 2012, во однос на 6,3 проценти колку што изнесува целта на ЕУ.

Премиерот најави дека по планот за штедење од 150 милијарди евра во период од три години, неговата влада има намера да покрене иницијатива за „втората генерација на реформите“, со цел да се поттикне вработувањето и активностите на малите фирми.

-Овие реформи ќе имаат за цел да го поттикнат вработувањето кај младите, каде што степенот на невработеност кај оние меѓу 16 и 24 години надмина 55 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП