18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Estee Lauder работела подобро од очекувањата

Компанијата Estee Lauder работела подобро од очекувањата

12esteelauder

Американската козметичка куќа „Estee Lauder“, главниот конкурент на францускиот „Loreal“, во периодот април-јуни остварила нето профит од 257,7 милиони долари, додека пак, во истиот период минатата година, профитот изнесувал 94 милиони долари, соопштуваат од компанијата.

Профитот по акција, кога ќе се исклучат вонредните ставки, изнесувал 45 центи, а приходите пораснале за 13,2 проценти, на 2,73 милијарди долари, пренесува францускиот весник „Capital“.

За истото тромесечје, аналитичарите на Волстрит прогнозирале профит во просек од 56 центи за акција, и 2,66 милијарди долари приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП