9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКока-Кола купува удел во Монстер

Кока-Кола купува удел во Монстер

koka kola 359

Компанијата „Кока-Кола“ објави дека ќе плати 2.15 милијарди долари за удел од 16.7 отсто во производителот на енергетски пијалоци „Монстер“.

„Кока-Кола“ изгледа е уште „гладна“ за кофеин, затоа што објавувањето за купувањето го објави шест месеци откако го најави купувањето на компанијата „Грин Маунтин Кофи“.

По објавувањето на веста, акциите на „Монстер“ пораснаа за 36 проценти. Двете компании ќе го усогласат своето портфолио на производи, при што „Кока-Кола“ ќе му го префрли на „Монстер“ управувањето со „енергетскиот“ бизнис, вклучувајќи ги пијалоците „Фул Тротл“, „Брн“ и „Пауер Плеј“, додека „Монстер“ на „Кока-Кола“ ќе и го препушти своето „не-енергетско“ портфолио.

„Кока-Кола“ исто така ќе добие две места во Одборот на директори на „Монстер“.

„Нашата инвестиција во „Монстер“ е ефикасен начин да го зголемиме своето учество во брзорастечките и атрактивните глобални пазари на енергетски пијалоци“, вели претседателот и извршен директор на „Кока-Кола“, Мухтар Кент.

Се очекува договорот да стапи на сила кон крајот на оваа или почетокот на идната година, откако ќе биде одобрен од пазарните регулатори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП