29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Бугарите им се зголемија приходите

На Бугарите им се зголемија приходите

bugarija-prihodi

Приходот по домаќинство во Бугарија, во четвртото тримесечие од минатата година се зголемил на 592 евра, што претставува зголемување од 16,1 отсто во споредба со 2012 година, соопшти националниот Институт за статистика.

Заработувачките на вработените сочинуваат 52,2 отсто од приходите на домаќинствата. Просечната заработувачка во истиот период исто така се зголемила и тоа за 18,9 отсто на годишно ниво, така што изнесува 309 евра.

Пензиите учествуваат со 25,1 отсто во вкупните примања, а износот на просечната пензија е непроменлив, односно 148 евра.

Трошоците на домаќинство се згоемиле на 542 евра, што е зголемување од 13,4 проценти на годишно ниво. Трошоците за храна и комуналии чинат 52,3 отсто од вкупните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП