14 февруари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПотона профитот на најголемиот светски мобилен оператор

Потона профитот на најголемиот светски мобилен оператор

chinamobile2578787h

Најголемиот светски оператор од мобилната телефонија според бројот на претплатници, кинескиот „China Mobile“, во првата половина од годината забележа пад на нето профитот од 8,5 проценти на годишно ниво, обвинувајќи ја за тоа силната конкуренција и пазарните реформи.

Нето заработката во шест месеци заклучно со месец јуни е намалена на 57,7 милијарди јуани (9,37 милијарди долари), пренесува агенцијата Франс прес.

Компанијата минатата година забележа пад на нето профитот од шест проценти, за прв пат во повеќе од десет години.

Приходите во првата половина од 2014 година пораснале за 7,1 проценти на 324,7 милијарди јуани, а корисничката база за 6,8 проценти на повеќе од 790 милиони претплатници, вклучувајќи 14 милиони корисници на новата генерација на 4G мрежата, која во Кина покрива 300 градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП