25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте е новиот селектор на Италија!?

Конте е новиот селектор на Италија!?

konte italija

Поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте е новиот селектор на Италија.

Конте постигнал договор со новото раководство на италијанската фудбалска федерација да ги преземе „азурите“ за претстојните европски квалификации.

Тој ќе седне на испразнето место од Чезаре Прандели по неуспехот на Светското првенство во Бразил. Се очекува тој да биде вториот најдобро платен селектор по Фабио Капело во Русија.

Новиот селектор ќе има малку време да се навикне на новата фукција, затоа што веќе следниот месец стартуваат квалификациските натпревари, а Италија во првото коло и гостува на селекцијата на Норвешка.

Конте се раздели со Јувентус пред еден месец поради несогласувањата околу трансферната политика и наводната намера на тимот да се раздели со клучните играчи.

Тој ја одведе „Старата Дама“ до три последователни титули во Серија А, откако се приклучи на тимот од Торино по едногодишна работа во Сиена. Како тренер на Јувентус освои 279 од можни 342 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП