19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШик оаза во Португалија (фото)

Шик оаза во Португалија (фото)

bap1

Сместен во внатрешноста на Синтра Касаис националниот парк, со поглед на португалскиот атлантски брег, хотелот „The Oitavos“ со пет ѕвездички е вистинско шик место за одмор…

Овој хотел се наоѓа на само 20 минути од Лисабон и од аеродромот. Има 142 соби кои се совршени и за деловни луѓе и за оние кои бараат малку одмор во многу луксузно одморалиште.

Овој хотел ви нуди многу опции за фантастичен одмор како што се разни понуди за храна, спа услуги и конференциска сала опремена со најмодерни елементи. Овој хотел, исто така, го карактеризираат и јавачките услуги и „Oitavos Dunes“ голф теренот кој многу добро котира на светската листа на најдобри голф терени.

Исто така, секој петок до крајот на септември, гостите од овој хотел ќе можат да уживаат во екстравагантните и енергични култури од различни градови, како што се Лос Анџелес, Њујорк и Париз.

Секој петок ќе имате чувство како да сте во некоја друга светска метропола и ера. Од времето на џезот и соул музиката, до ритамот на самбата и румбата, уживањето во овој хотел е загарантирано.

bap2

bap3

bap

bap5

bap6

bap7

bap8

bap9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП