2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTelekom Austria забележа загуба од 359 милиони евра

Telekom Austria забележа загуба од 359 милиони евра

Telekom-Austria-logo-redesign-intraligi-02

Компанијата „Telekom Austria“ во вториот квартал оваа година забележа загуба од 359 милиони евра.

Компанијата забележала загуба поради отписот во филијалата во Бугарија и неочекуваните сметководствени трошоци во сегментот на фиксната телефонија на матичниот австриски пазар.

Новиот сметководствен софтвер открил превисока проценка на пресметките во делот на фиксната телефонија на австрискиот пазар, што резултираше со еднократно одбивање од приходите во износ од 48 милиони евра и со тоа нето добивката беше намалена за 28 милиони евра, наведуваат од „Telekom Austria“,

Дополнително компанијата во јуни отпиша 400 милиони евра во бугарската филијала, и поради овие две ставки овој австриски оператор го затвори кварталот со загуба од 359 милиони евра.

Приходите во истиот квартал се намалени за осум проценти и изнесуваа 963 милиони евра. Компанијата ги намали и очекувањата за 2014 година и сега прогнозира пад на приходите наместо за 3,0 проценти за 3,5 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП