19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо му го донесе Суперкупот на Реал

Роналдо му го донесе Суперкупот на Реал

gggg

Со два постигнати погодоци, по еден во првото (30.минута) и второто полувреме (49.минута) најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо го предводеше Реал Мадрид до првиот трофеј во новата сезона.

„Кралскиот клуб“ синоќа во Кардиф, Велс со 2:0 ја победи Севиља и го освои Суперкупот на УЕФА.

Во дуелот на европскиот првак Реал и освојувачот на Лига Европа, тимот на Севиља, подобар противник беше мадридскиот тим, но и Андалузијците имаа неколку сериозни шанси за гол.

Реал Мадрид настапи во најсилниот состав со Хамес Родригез и Тони Крос во стартните 11.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП