19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПочувствувајте го ултимативниот луксуз во Umaid Bhawan Palace Hotel (фото)

Почувствувајте го ултимативниот луксуз во Umaid Bhawan Palace Hotel (фото)

haz1

Луксузниот „Umaid Bhawan Palace“, поранешниот дом на кралското семејство во Јодхпур, е една од најубавите палати во Индија.

„Umaid Bhawan Palace“ во Јодхпур, вториот град по големина во индиската држава Раџастан, се наоѓа на само пет километри од Меѓународниот аеродром во Јодхпур.

На самиот влез во хотелот ќе ве пречека огромно, луксузно лоби, со засводен плафон над мермерниот под. „Umaid Bhawan Palace“, е една од најголемите резиденции во светот, таа има вкупно 75 соби и апартмани. Покрај Ројал апартманите во арт-деко стил кои овозможуваат поглед кон прекрасната фонтана во дворот и убаво декорираните Махарани апартмани со акцент на огледала, розова боја и изгравирано црно стакло, секоја соба во хотелот може во вистинска смисла на зборот да се смета за синоним за елеганција и луксуз.

За релаксација е задолжен „Jiva Grande Spa“ центарот, каде што гостите можат да уживаат во пријатната ароматерапија, останатите можат да играат сквош, да пливаат во „Zodiac Pool“ или да уживаат во прекрасната традиционална кујна на Јодхпур во рестораните „Puaaj Kachori“, „Hot Spicy Mirchibada“ или „Makhaniya Lassi“.

Внатрешноста на хотелот зрачи од елеганција, луксуз и комодитет, гостите во хотелот ќе го почувствуаат стилот на Индија и ќе уживаат во можностите кои им ги нуди ова место. Ентериерот во кој е сместен мебелот ќе ви овозможи тотална релаксација и префинетост, во внатрешноста од собите се поставени специфични предмети кои ќе ве потсетат на индиската култура.

Цената на едно ноќевање во овој хотел е 345 долари, погледнете ги фотографиите…

haz4

haz3

haz2

haz5

haz6

haz7

haz8

haz9

haz10

haz11

haz12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП