20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Новости“: Иран може да и конкурира на Русија во испораките на гас...

„Новости“: Иран може да и конкурира на Русија во испораките на гас за Европа

gasifikacija222

Иран е подготвен да и конкурира на Русија во испораките на гас за Европа, пишува рускиот електронски весник новости.меил.ру.

Доколку САД и ЕУ ги укинат санкциите кон Иран, земјата ќе може по 2020 година да извезува годишно од 30 до 35 милијарди кубни метри гас, наведува весникот во текстот под наслов „Гасниот ривал на Русија“.

Иранскиот заменик-министер за нафта на Иран, Али Маџеди, како што јави ИТАР-ТАСС, изјави дека Иран е подготвен да испорачува гас во Европа по гасоводот „Набуко“, а две европски земји веќе покажале интерес за тоа.

Резервите од гас на Иран се еднакви на оние на Русија и се меѓу најголемите во светот, приближно 34 билиони кубни метри, посочува весникот.

Иран, како испорачувач, може да стане политичка алтернатива за ЕУ, бидејќи очекувањата дека Русија ќе биде главниот трговски партнер на Европа се доведени во прашање, наведуваат експерти од Германското друштво за надворешна политика.

Американските санкции кон Иран слабеат, американските фирми од медицината, авијацијата и петрохемиската индустрија, на пример, ги обновуваат преговорите со Владата во Техеран, а сите знаеме дека ЕУ се ориентира според САД, дополнуваат експертите.

Иран го користи руско-американскиот конфликт за да се ослободи од санкциите, а САД сакаат да ја искоритат иранската нафта за да ги урнат цените и на Русија да и нанесат сериозоен удар, коментира рускиот политиколог Андреј Казанцев.

Во септември Иран има намера да потпише голем договор со Русија и да и доставува по околу 25 милиони тони нафта годишно, што ќе биде плаќана со руска опрема.

Иран нема политички сојузници и „ако добие можност да им продаде нафта и на Русија, и на САД, а гас на Европа, тоа ќе го стори“, убеден е аналитичарот.

Во моментот целото производство на Иран од 160 милијарди кубни метри гас годишно, го користи за брзо растечкиот внатрешен пазар и не останува ништо за извоз, посочува Татјана Митрова, експерт за енергенси.

Според енергетскиот институт на Руската академија на науките, Иран може да го зголеми своето производство на 215 милијарди кубни метри гас, а до 2030 година и на 260 милијарди.

Тогаш земјата ќе располага со 30 до 35 милијарди кубни метри слободен гас и изградбата на гасовододот за извоз ќе биде оправдан. Вредноста на профитот во Иран ќе биде 50 долари за 1.000 кубни метри, што е конкурентна со онаа во Русија, додаде Митрова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП