2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПушењето му штети на видот

Пушењето му штети на видот

cigarit

Пушењето во ново истражување е поврзано со поголем ризик за сенилна макуларна дегенерација, водечки причинител за губење на видот кај лица постари од 50 години.

Американски научници од Универзитетот Висконсин додаваат дека воочениот ризик бил присутен и кај лица кои престанале да пушат.

Стручното списание „Ophthalmology“ пишува дека кај пушачи и поранешни пушачи е воочена и забрзана прогресија на сенилна макуларна дегенерација со поизразени оштетувања на средниот дел на мрежницата.

Истражувачите веруваат дека причина за тоа е негативното влијание на пушењето врз крвните садови кои ја снабдуваат со крв мрежницата.

Исто така, токсините кои во организмот се натрупуваат со пушењето можат да се насоберат во мрежницата и да и наштетат на нејзината функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП