20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва е причината за падот на Adidas

Ова е причината за падот на Adidas

adidas golg

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ ја намали својата целна оперативна маржа за тековната година поради лошите резултати во сегментот – голф.

Но како друга причина се појавува и нестабилноста на валутите во земјите во развој.

Како што пренесуваат одредени медиуми, компанија во иднина смета на маржа од 6.5 до 7 отсто приходи, додека првобитната утвредена цел беше 8.5 до 9 проценти. Во 2013-та година таа изнесуваше 8.7 отсто приходи.

„Adidas“, кој загуби дел од пазарот во корист на конкурентската американска компанија „Nike“, минатата недела објави дека во вториот квартал ги зголемиле приходите за два проценти или на 3.4 милијарди евра, што истовремено е раст од 10 проценти, кога ќе се елиминира ефектот на девизните курсеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП