4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 25 најмизерни земји во светот

Топ 25 најмизерни земји во светот

Артур Оркум го креираше индексот на мизерија, каде ги сумира невработеноста и стапката на инфлација во една земја. Колку е повисок бројот на индексот, толку е земјата помизерна.

,,Business Insider” објави скала од 197 земји во светот, од Афганистан до Зимбабве.

Еве ја листата на 25 најмизерни земји во светот:

25-mali

25. Мали

Индекс на мизерија: 36.5

Инфлација: 6.5%

Невработеност: 30%

Една од најсиромашните земји во светот. Главно се занимава со ископ на злато и извоз на земјоделски производи од што и зависи фискалниот статус на земјата. Околу 10% од популацијата се номади и 80 проценти од работната сила е ангажирана во земјоделството и риболовот.

24-mauritania

24.Мавританија

Индекс на мизерија: 37

Инфлација: 7%

Невработеност: 30%

Половина од популацијата сеуште зависи од земјоделството и стоката за да заработи за живот, и сиромаштијата е неконтролирана. Локалната економија зависи од извозот на стока, најмногу на железна руда. Тоа е единствената причина што економијата во Мавританија лани порасна за 5 проценти.

23-iran

23.Иран

Индекс на мизерија: 39.1

Инфлација: 23.6%

Невработеност: 15.5%

Контролата на цените, субвенциите и другите работи во секторот за руда растат, и покажува дека ќе биде главен двигател во економијата.Корупцијата и нелегалните бизниси се неконтролирани. Економијата исто така главно зависи од нафтата.

22-maldives

22.Малдиви

Индекс на мизерија: 40.8

Инфлација: 12.8%

Невработеност: 28%

Едно од најдобрите места за одмор! Туризмот опфаќа 30 отсто од БДП на Малдиви и повеќе од 60 отсто од девизните приходи.Но падот на туристите и преголемото трошење на владата предизвика висока инфлација и дуплирање на невработеноста.

21-gaza-strip

21.Газа

Индекс на мизерија: 43,5

Инфлација: 3.5%

Невработеност: 40%

Откако Хамас ја презема контролата во Јуни 2007 година, Израел ги затвори границите и доводе до поголемо влошување на веќе слабата економија и зголемување на невработеноста.

20-bosnia-and-herzegovina

20.Босна и Херцеговина

Индекс на мизерија: 45.5

Инфлација: 2.2%

Невработеност: 43.3%

Меѓуетничката војна помеѓу 1992 и 1995 година, предизвика да расте невработеноста и да го намали производството за 80 проценти, и земјата неможе да се опорави оттогаш.

19-yemen

19.Јемен

Индекс на мизерија: 46.4

Инфлација: 11.4%

Невработеност: 35%

Во голема мера зависи од намалувањето на нафтените резерви, каде 25 проценти од БДП на земјата доаѓа од нафтата.БДП падна за 10 проценти во 2011 година, но се намали на 1,9 проценти во 2012 година. Владата се обидува да ја прошири економијата но ќе мора да го реши проблемот со намалување на водните ресурси, стапката на невработеност и високиот прираст на население.

18-haiti

18.Хаити

Индекс на мизерија: 46.5

Инфлација: 5.9%

Невработеност: 40.6%

Дури и пред земјотресот во 2010 година, 80 проценти од населението живееше под границата на сиромаштијата, а 54 проценти во бедна сиромаштија, и голем дел од населението има слаб пристап во образованието.Земјата сеуште се опоравува од земјотресот и се бори со раширената корупција.

17-swaziland

17.Свазиленд

Индекс на мизерија: 48.4

Инфлација: 8.4%

Невработеност: 40%

Свазиленд е силно зависна од Јужна Африка, и тоа 60 проценти од извозот оди, а 90 проценти од увозот доаѓа од таму.

16-afghanistan

16.Авганистан

Индекс на мизерија: 48.8

Инфлација: 13.8%

Невработеност: 35%

Афганистан сеуште се опоравува од деценискиот конфликт и сеуште мора да се справува со високо ниво на корупција, слаб капацитет на владата и сиромашна инфраструктура. Странската помош, замјоделството и зголемување на услужниот сектор придонесува за опоравување на земјата, но сеуште страда од висока инфлација и невработеност.

15-marshall-islands

15.Маршалски острови

Индекс на мизерија: 48.9

Инфлација: 12.9%

Невработеност: 36%

Најголема асистенција во државата доаѓа од Соединетите Американски Држави. Туризмот е најголема надеж за државата.

14-senegal

14.Сенегал

Индекс на мизерија: 49.5

Инфлација: 1.5%

Невработеност: 48%

И покрај добивањето на многу странска помош, Сенегал страда од несигурноста од снабдување на енергија, што доведе до јавни протести и висока стапка на невработеност.

13-kenya

13.Кенија

Индекс на мизерија: 50.1

Инфлација: 10.1%

Невработеност: 40%

Корупцијата и потпирање на неколку специфични стоки на кои цената остана ниска, ја држи Кенија во економска заднина.Невработеноста во минатото била висока и останала така. Како и да е, во Март 2012 година пронајдена нафта, што ќе придонесе за опоравок на економијата.

12-lesotho

12.Лесото

Индекс на мизерија: 51.1

Инфлација: 6.1%

Невработеност: 45%

Лесото има трет најголем GINI коефициент во светот, што значи дека нееднаквоста во приходите е особено висока тука.Се очекува раст поради големи инфраструктурни проекти, но слабото производство и земјоделскиот сектор ја влечат надоле економијата.

11-sudan

11.Судан

Индекс на мизерија: 51.5

Инфлација: 31.5%

Невработеност: 20%

Отцепувањето на Јужен Судан во Јули 2011 година, кој е одговорен за три-четвртини од производството на нафта, беше огромен удар за економијата на Судан.

10-syria

10.Сирија

Индекс на мизерија: 51.7

Инфлација: 33.7%

Невработеност: 18%

Економијата на Сирија тресна откако почна конфликтот во 2011 година. Во 2012 година БДП на Сирија се намали поради санкциите од меѓународната заедница, а се намали и домашната потрошувачка и производство.

9-kosovo

9.Косово

Индекс на мизерија: 53.6

Инфлација: 8.3%

Невработеност: 45.3%

Косово е најсиромашната земја во Европа.Приливите од останатите Европски земји, како Швајцарија, Германија и нордиските земји присонесуваат 18 проценти од БДП. Иако косово има значаен напредок во процесот на транзицијата кон пазарниот систем во последниве години, сепак невработеноста останува голем проблем.

8-nepal

8.Непал

Индекс на мизерија: 54.3

Инфлација: 8.3%

Невработеност: 46%

Една од најнеразвиените земји во светот , каде околу една четвртина од населението живее под линијата на сиромаштијата.Земјоделството ја движи економијата во Непал, со околу 30 проценти од БДП

7-namibia

7.Намибиа

Индекс на мизерија: 57

Инфлација: 5.8%

Невработеност: 51.2%

Силно зависи од своите минерални ресурси. НАмибија извесува многу дијаманти, ураниум и злато.Како и да е, рударскиот сектор вработува само 3 отсто од работоспособното население. Повеќе од пола работоспособното население не работи. Намибија има најголем GINI коефициент-70,7%.

6-djibouti

6.Џибути

Индекс на мизерија: 63.3

Инфлација: 4.3%

Невработеност: 59%

Поради недоволно природни ресурси и слабата индустрија, економијата на Џибути е на многу ниско ниво.Единствената причина што инфлацијата е на ниско ниво, бидејки џибтскиот франк е врзан со американскиот долар.

5-turkmenistan

5.Туркменистан

Индекс на мизерија: 70.5

Инфлација: 10.5%

Невработеност: 60%

Земјоделството учествува со само 8 проценти од приходите на Туркменистан, но вработува скоро половина од работоспособното население во земјата.Земјата страда од корупција и малверзации од избраната власт.И работите не одат кон подобро.

4-belarus

4.Белорусија

Индекс на мизерија: 71

Инфлација: 70%

Невработеност: 1%

Во 2011 година започна финансиската криза во Белорусија, предизвикана од Владата.

3-burkina-faso

3.Буркина Фасо

Индекс на мизерија: 81.5

Инфлација: 4.5%

Невработеност: 77%

Буркина Фасо има голема популација но многу ограничени природни ресурси.Економијата на земјата зависи од земјоделството, памукот и златото. Земјата сеуште се опоравува од сушата во 2011 година и страда од големата невработеност.

2-liberia

2.Либерија

Индекс на мизерија: 90.5

Инфлација: 5.5%

Невработеност: 85%

Ниските приходи на земјата во голема мера се потпираат на странска помош. Економијата беше уништена од граѓанската војна и лошото управување на власта во 2010 година.

1-zimbabwe

1.Зимбабве

Индекс на мизерија: 103.3

Инфлација: 8.3%

Невработеност: 95%

Неколку организации за човекови права побараа основни права од владата на Зимбабве како што е слобода на говор и заштита на правото.Насилството и заплашувањето се е вообичаена тактика на политичките лидери.Економијата на Зимбабве забавува делумно поради слабите жетви и ниските приходи од дијаманти.Според ,,CIA Factbook”, владата на Зимбабве се соочува со проблеми во инфраструктурата, регулаторни недостатоци,голем надворешен долг и огромна стапка на невработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП