29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го луксузниот Aria Resort & Casino (фото)

Посетете го луксузниот Aria Resort & Casino (фото)

hai1

„Aria Resort & Casino“ е еден од најимпресивните хотели во „Градот на гревот“…

Оваа највисока зграда во Лас Вегас, отворена во 2009 година, не е блескава само од надвор. Поконкретно, овој хотел е еден од технолошки најнапредните објекти од тој вид: тој Вас ве поздравува кога влегувате во него, ви посаккува „Убава ноќ“, ве буди наутро, но и автоматски ги подесува завесите, исклучува светло и електронски уреди кои моментално не се во употреба, и ја регулира температурата кога влегувате и излегувате од собата. Собата, всушност, се грижи за вашата благосостојба, а во исто време и за животната средина.

Овој хотел не би бил автентичен хотел за Лас Вегас без големо казино и некој помпезен настан (популарно шоу), а „Aria“ дефинитивно ги задоволува двата критериуми. На околу 14.000 метри квадратни, казиното на хотелот содржи слот апарати, покер, игри на маса и тркачки игри, како и обложувалница. Она што е необично за казино е тоа што има и надворешни прозорци. За уште повеќе да се забавувате, можете да присуствувате на „Cirque du Soleil Zarkan“ сценскиот перформанс – исклучително шоу во овој прекрасен хотелски комплекс.

hai2

hai3

hai4

hai5

hai6

hai7

hai8

hai9

hai10

hai11

hai12

hai13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП