3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкопски пазар отвори нов СП Маркет во Центар

Скопски пазар отвори нов СП Маркет во Центар

dea

Денес Скопски Пазар АД Скопје отвори нов супермаркет од ланецот СП маркети во општина Центар. Новиот маркет се наоѓа на ул. Св.Кирил и Методиј бр.20, во близина на зеленото пазарче, спроти поранешен цветен пазар.

Новиот СП маркет кој се простира на површина од 420 м2, ќе вработи 15 лица и ќе понуди богат асортиман на производи од реномирани домашни и странски производители. Во понудата на супермаркетот потрошувачите исто така ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук, готови топли јадења од менито на Топлотека, печено пиле и свежо печен багет, како и слаткарски производи.

dea

Новиот СП Маркет ќе работи од 8 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 8 до 20 часот во недела.

„Се надеваме дека нашиот нов СП Маркет ќе одговори на секојдневните потреби на граѓаните, пред се преку понудата на готови топли јадења, багет и слаткарски производи со цел да ги задоволат нивните барања за свежа, квалитетна и разноврсна храна по најдобри цени“, изјавија од одделот за маркетинг на Скопски Пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП