2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLukoil ја напушта Источна Европа

Lukoil ја напушта Источна Европа

lukoil-ro5-big

Руската нафтена компанија „Lukoil“ потпиша договор со унгарските „MOL“ и „Norm Benzikut“ за продажба на мрежа бензински пумпи во Чешка, Словачка и Унгарија.

Според договорот, „Slovnaft “ (компанија ќерка на „MOL“) од „Lukoil“ ќе купи мрежа од 44 станици за полнење на гас на територијата на Чешка.

„Norm Benzikut“ ќе преземе мрежа од 75 бензински станици на „Lukoil“ во Унгарија и 19 во Словачка, јавува агенцијата Итар тас.

Како што се очекува, и двете трансакции ќе бидат завршени до крајот на 2014 година. Одлуката за продажба на имотот е донесена во рамките на плановите за оптимизација на нафтениот бизнис на „Lukoil“, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП