16 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го луксузниот Opium Mustique Hotel (фото)

Посетете го луксузниот Opium Mustique Hotel (фото)

hari1

Овој хотел на наоѓа на малиот приватен остров „Мистик“, кој е дел од „Св. Винсент“ и „Гренаини“. „Opium Mustique“ е прекрасен хотел сместен во бујната природа, со свеж ентериер и фантастични тераси.

Покрај неговата уникатна позиција, високо над водата, хотелот има прекрасен панорамски поглед кон Атлантскиот океан и изгрејсонцето, прекрасна комбинација од тонови и динамика. Погледите совршено се вклопуваат со луксузните вили во околината, кои имаат отворен дизајн на архитектура.

Направен од природни елементи и украсен со персонализирани детали, „Opium Mustique“, исто така, ја претставува африканската и ориенталната културата, на современо украсената позадина.

Хотелот е идеален за фамилии и различни видови на собири, но и за романтични посети од вљубените. Сместувачките единици се наоѓаат во внатрешноста на главната куќа, покрај двете соседни гостински куќи, кои се опремени со базени.

Сите активности во хотелот, посетителите можат да ги обавуваат во прекрасната градина и прекрасните тераси кои се приспособени за пријатно уживање на целата фамилија. Овде гостопримството и услугата се на врвно ниво. Персоналот е задолжен за исполнување на сите желби на посетители.

Дизајнерите кои се одговорни за изгледот на овој хотел, преку своето дело се обиделе да ја нагласат природата и нејзините убавини, користејќи ги квалитетните парчиња дрво за уредување на внатрешноста на апартманите и уредувањето на прекрсните тераси кои се погодни за семејни собири.

За да уживате во ваквиот природен луксуз потребни ви се 590 долари за една ноќ.

Погледнете ги прекрасните фотографии…

hari2

hari3

hari4

hari5

hari6

hari7

hari8

hari9

hari10

hari11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП