6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршена оаза во срцето на пустината (фото)

Совршена оаза во срцето на пустината (фото)

sav1

Среде пустина, во мирното место Вади Кадеџа, оазата на мирот подготвено ве дочекува во „Banyan Tree Al Wadi“ ресортот…

Ова скриено место опкружено со зимзелени дрвореди е еден од најлуксузните пустински ресорти во кој можете да уживате во приватните вили од кои секоја има свој базен. Ова воедно е и сјаен природен резерват кој има своја приватна плажа, создадена за интимно уживање. Овде можете да ја истражувате и дивината на арапското поднебје и да видите газели, камили и други животни кои се карактеристични за овој локалитет. Ова е совршено место за гледање на овие нежни животни од блиску.

Отворен во почетокот на 2010 година, овој ресорт бил прв од тој вид во пустините на Обединетите Арапски Емирати, кој нудел, тогаш единствен концепт со интегрирани погодности. Ресортот се состои од пространи вили од кои секоја има свој базен и простран спа центар, а тука се и, како што веќе кажавме, природниот резерват и приватната плажа. Оваа локација ви ги нуди сите најдобри елементи од Емиратите на едно место – спа искуства, соколарство, јавање коњи и камили… Овде можете да уживате во уникатна и вистинска романтика како никаде на друго место.

Спа центарот кој е во склоп на овој ресорт е повеќе пати наградуван, а има луксузни павилјони за третмани и најмодерни погодности. Ресортот се наоѓа покрај водата на арапскиот залив и величенствените Ал Хаџар планини, претставувајќи совршена оаза која останала верна на арапската традиција, спојувајќи се со моќните пустински дини. Со најфините елементи на декор и сјајните традиционални спа терапии, „Banyan Tree Spa A Wadi“ е ултимативно место за совршен одмор, релаксација и регенерација во срцето на пустината.

sav5

sav3

sav2

sav4

sav7

sav6

sav9

sav10

sav8

sav11

sav12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП