4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМосковска волшебна бајка (фото)

Московска волшебна бајка (фото)

mos1

„Jewellery Theatre“ е компанија основана во Москва во 1998 година…

Од самиот почеток, оваа компанија е насочена кон пазарот на луксузот и се прославила со серија високо квалитетни, луксузни, скапоцени и наградувани дизајни. Многу често, луксузните златари се одлучуваат на ненагласена елеганција кога ги креираат своите парчиња, кои ги разубавува врвната изработка и скапоцениот материјал.

mos2

„Jewellery Theatre“, исто така, има врвни уметници и мајстори кои го креираат нивниот накит, но тие додаваат и некои неочекувани елементи – што можеби и се очекува од бренд со вакво име. Тие константно живеат во светот на фантазијата и ни претставуваат предмети како од бајките, кои едноставно владеат над овие едноставни и префинети дизајни. Оваа московска компанија во текот на годината претставила некои навистина феноменални колекции.

mos3

Во склад со нивните драматични теми, можеме да кажеме дека уметниците кои го составиле ова парче наликуваат на писатели и режисери, затоа што прекрасниот накит кој е нивно дело ја зборува својата приказна, додека главната улога ја играат скапоцените камења. Личностите кои ќе ја носат оваа креација можат да предизвикаат восхит и внимание од другите луѓе околу себе.

mos4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП