Компанијата „Procter & Gamble-P&G“ објави дека во наредниот период ќе угаси или продаде околу 90 свои мали и помалку популарни брендови.
Од компанијата не објавија за кои брендови станува збор, но објавено е дека во портфолиото на „P&G“ ќе останат најголемите брендови како „Tide“, „Pampers“, „Bounty“…
„Намерата ни е да создадеме компанија која брзо ќе расте, ќе има поголем профит и ќе биде полесна за управување. Помалку ќe биде подобро“, изјави директорот А. Г. Лафли.
Тој не спомeна дали оваа одлука на компанијата ќе влијае и на бројот на работните места во неа.