2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната јахта Highlander (фото)

Луксузната јахта Highlander (фото)

baf1

Еден од најпознатите бродови во светот на бизнисот, супер-јахтата „Highlander“, за прв пат е достапна за изнајмување…

Овој брод е конструиран во 1986 година за милионерот издавач и бизнисмен Малком Форбс, човекот кој е познат по својот екстравагантен животен стил и изобилството од забави кои ги организира. Меѓу многуте познати гости кои Форбс ги угостил на оваа јахта се Елизабет Тејлор, принцот Чарлс, Маргарет Тачер, Роналд Реган, Роберт де Ниро, Харисон Форд, Пол Мекартни и Мик Џегер.

Јахтата моментално е во сопственост на американскиот тајкун Роберт де Гвардиола, кој ја купи во 2012 година и во потполност ја прилагоди на својот стил и своите желби. Го изменил ентериерот, го продолжил телото на јахтата, ги освежил нејзините механички системи и и подарил нов слој боја. Оваа јахта, долга 162 стапки, има брзина од 13 чворови. До 12 гости можат да бидат сместени на неа во шест одвоени кабини, со адекватен простор за 11 членови на екипажот.

„Highlander“ супер-јахтата, која моментално се наоѓа во Медитеранот и има испланиран пат до Карибите подоцна оваа година, достапна е за изнајмување. Доколку сакате да уживате со стил, „Highlander“ е вистинската јахта за вас.

baf2

baf3

baf4

baf5

baf6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП