28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДанци развиле најбрз интернет на светот!

Данци развиле најбрз интернет на светот!

internet danska

Лутината поради бавното симнување на филмови од интернет, може да стане нешто минато.

Научници направија најбрза мрежа на светот преку која можете да превземете филм додека трепнете со окото.

Дански експерти постигнале неверојатна брзина благодарејќи на оптичките влакна од новата генерација кои пренесуваат 43 терабити во секунда.

Научниците од компанијата „Extreme Tech“ велат дека тоа значи за превземање на филм од еден гигабајт ќе биде потребно само 0.2 милисекунди.

Ова е рекордна брзина, која ја постигнале истражувачите од Техничкиот универзитет во Данска, а која претходно, со 32 терабити во секунда, ја држеа научниците од технолошкиот институт во Карлсруе, Германија.

Данскиот тим користел оптичко влакно со повеќе јадра кое го разви јапонската компанијата „Nippon Telegraph and Telephone Corporation“.

Овој тип на влакна содржи седум јадра, наместо едно кое се наоѓа во стандардните влакна. Интересно е тоа што истите се шират како „обични“ оптички влакна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП