29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBundesbank ја надомести загубата

Bundesbank ја надомести загубата

bundes1

Германската централна банка го надомести поголемиот дел од загубата, која ја забележа бидејќи и даде кредит на американска банка „Lehman Brothers“ која банкротираше во 2008 година.

Германската филијала на „Lehman Brothers“, на „Bundesbank“ и должеше 8,5 милијарди евра во моментот кога матичната банка во Америка потона.

Филијалата во Германија побара помош од германската централна банка, помош која во овој случај и беше дадена во замена за хартии од вредност како залог.

„Bundesbank“ соопшти дека го реструктуирала и го продала залогот и со тоа надокнадила 7,4 милијарди евра од загубата. Банката очекува од процесот на банкротираната „Lehman Brothers“ да надокнади барем дел од останатите пари.

Со овој надоместок се намали вкупниот износ на долгови на целиот систем на централни банки во ЕУ, од 5,6 милијарди евра на крајот на 2008, на 300 милиони евра во моментов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП