Кејот на реката Брегалница во централното градско подрачје на Берово, ќе биде реконструиран со финансии од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка.
Активностите, што ќе започнат денес, се дел од проектот „Обнова на животната средина за поквалитетен живот”, во вкупна вредност од 500 илјади евра, што ќе се реализира во соработка со бугарската општина Сандански. Половина од финансиите се наменети за уредување на кејот во централното градско подрачје на Берово, како и за изградба на пешачка и велосипедска патека и скејт парк со површина од 500 метри квадратни.
На свеченоста е најавено присуство на заменик-министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски.