10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 70 проценти од хрватските домаќинства имаат помали приходи од потребните

Над 70 проценти од хрватските домаќинства имаат помали приходи од потребните

Hrvatska

Во Хрватска 76 проценти од домаќинствата имаат помали приходи од потребните, а министерот за финансии Славко Линиќ сака да ги намали минусите на тековните сметки со образложение за нивно добро.

Истражувањето за приходите и трошоците на домаќинствата за минатата година покажува дека едно просечно хрватско домаќинство располага месечно со 6.300 куни, а оценуваат дека за задоволување на основните трошоци потребни им се 8.955 куни (едно евро=7,56 куни).

Најголеми приходи се остваруваат во Загреб – 7.043, а најниските се во Славонија – 5.280 куни.

Линиќ најави намалување на минусот на една наместо на досегашните три плати и им објасни на граѓаните дека долгот ќе можат да го вратат со земање на кредит со три отсто помала камата отколку сегашаната што е за минусот. Каматите на минусот се ограничени со закон од 12 проценти

Се проценува дека во моментот секој втор Хрват е во минус, а дозволените пречекорувања на тековните сметки кон крајот на 2012 година достигнале до 7,3 милијарди куни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП