19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на Danone

Пад на профитот на Danone

danone-factory222

Француската компанија „Danone“, познатиот светски производител на храна, забележа пад на профитот во првиот семестар од оваа година во однос на истиот период од 2013-та.

Нето-профитот на компанијата во првите шест месеци од оваа година е намален за 37 проценти или на 608 милиони евра во однос на истиот период од лани, кога беше остварен екстра профит поради зголемувањето на уделот на капиталот во мароканската млекарска индустрија „SNI“ од 37,8 нa 67 проценти, пренесе „AFP“.

Продажбата на компанијата „Danone“ во вториот квартал од оваа година е намалена на годишно ниво за 5,5 проценти или на 5.4 милијарди евра, а во првите шест месеци за 5,3 отсто или на 10.5 милијарди евра.

Во соопштението од компанијата се наведува дека лошите резултати се последица на рекордната инфлација на цената на млекото и тоа за 18 проценти во првиот семестар од оваа година, потоа нереалниот курс во земјите во развој, како и неодамнешната афера со млекото во прав на новозеландскиот производител „Fonterra“, кое неодамна ја содржеше бактеријата која ја предизвикува опасната болест болутизам.

Поради тие сомневања, францускиот дистрибутер „Danone“, кој се снабдува со сировини од новозеландската групација, мораше од кинескиот пазар да ја повлече продажбата на млеко за бебиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП