20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлигоров: Економската состојба е лоша во сите блакански земји

Глигоров: Економската состојба е лоша во сите блакански земји

vladimir-gligorov

Балканските земји водат лоша економска политика во изминативе 20 години и меѓу нив речиси и да нема разлики во поглед на загрижувачките показатели, смета соработникот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Владимир Глигоров.

– Претходно имаше разлики во економските состојби меѓу земјите во регионот, но сега лошата ситуација се прошири на сите економии кои имаат слични карактеристики, изјави Глигоров на прес-конференција во Белград, на која беше промовирана неговата книга „Неокласицизмот на Балканот и други есеи“.

Како што јави Танјуг, Глигоров наведе дека причина за ваквите состојби се преголемата зависност од странски инвестиции, високата стапка на невработеност, ниското индустриско производство и недовербата во сопствените валути.

– Балканот во целина е неуспешен простор во кој владее тешка социјална состојба и подолг период доминира висока стапка на невработеност, смета овој економски експерт.

Глигоров нагласува дека недовербата во домашната валута и во централните банки е карактеристична за сите земји од регионот, што е најдобро видливо во тоа што граѓаните своите заштеди ги чуваат во евра, а и самите држави позајмуваат во странски валути.

Осврнувајќи се на својата книга, Глигоров нагласи дека неокласичниот пристап во економиите на земјите во регионот се свел на тоа што тие се трудат да привлечат што повеќе странски инвестиции, кои, според него, отишле во потрошувачкиот сектор, во недвижностите и во производство на стоки „кои не го најдоа својот пат на светскиот пазар“.

– Од друга страна централноевропските земји добро го применија рецептот за привлекување странски пари и ги вложија во индустријализацијата на произвдоството. Транзицијата во централноевропските земји донесе зголемен обем на размена, отворени екоомии и зголемување на извозот, што не беше случај на Балканот каде државите од аспект на пазарното однесување останаа во голема мерки затворени, заклучи Глигоров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП