29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарлос Дунга се враќа на селекторското место во Бразил

Карлос Дунга се враќа на селекторското место во Бразил

Carlos-Dunga

По неуспехот на Мундијалот и оставката на Луис Фелипе Сколари, функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Бразил ја превзема Карлос Дунга.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, некогашниот капитен на „Кариоките“ ја искористил блискоста со новиот генерален менаџер на фудбалската репрезентација Гилмар Риналди, со кој во 1994 година беа дел од тимот на Бразил кој го освои Мундијалот во САД, а Дунга ја имаше привилегијата да го подигне шампионскиот трофеј.

Токму пријателството на Дунга со Риналди, е главната причина за враќањето 50-годиниот Дунга на селекторската функција.

Ова е втор мандат на Дунга на селекторското место, откако тој ги предводеше „Кариоките“ од 2006 до 2010 година, периодот во кој со Бразил освои два трофеја, 2007-година во Купот на Америка и 2009-година во Купот на конфедерации.

Но, Дунга и неговите избраници на СП во Јужна Африка 2010-година, стигнаа до четвртфиналето каде беа елиминирани од Холандија со 2:1 со пресвртот кој го направи Весли Снајдер постигнувајќи ги двата гола за Холандија.

Како фудбалер Дунга во периодот од 1987 до 1998 година, имаше 91 настап за репрезентацијата на Бразил за која постигна 6 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП