25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАдвокат е нов селектор на Србија

Адвокат е нов селектор на Србија

dik advokat w9

Холанѓанецот Дик Адвокат ќе го преземе националниот тим на Србија, целта ќе биде да ја изведе земјата до пласман на Европското првенство во 2016-та година, потврди претседателот на фудбалската федерација на Србија (ФСС), Томислав Караџиќ за Ројтерс.

„Договорот што го постигнавме со Адвокат е резултат од разговори, кои траеја повеќе од еден месец и ние официјално ќе го доведеме како нов тренер на националниот тим“, објави денес Караџиќ.

66-годишниот Холанѓанец водел серија на клубови во својата кариера, а за последно беше на чело на АЗ Алкмар. На ниво на национални тимови бил на чело на Холандија, Белгија, Република Кореја и Русија.

Сега ја презема функцијата од Љубинко Друловиќ кој беше привремен тренер и очекувањата беа да биде назначен со постојан договор.

Србите се пласираа за Светското првенство во 2010-та година под раководство на Радомир Антиќ, но ги пропуштија Евро 2012 и СП 2014.

Адвокат ќе биде втор странски тренер во историјата на српскиот национален тим по Хавиер Клементе, кој не успеа да ги одведе за Евро 2008, кога беше ангажиран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП