28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорд за 90 години СКОПСКО

Рекорд за 90 години СКОПСКО

prilep skopsko

На првиот ден од годинешниот Пивофест, Пивара Скопје и СКОПСКО приредија спектакл за посетителите и љубителите на пивото, скарата и одличната забава.

Пивото со најдолга традиција во земјата – СКОПСКО со рекорд ја прослави 90 годишнината од својот развој, споделувајќи ја радоста на јубилејот со љубителите на пивото на Пивофест 2014. СКОПСКО е единствениот пивски бренд во земјава кој одбележува 90 години, што воедно се совпаѓа со роденденот на Пивара Скопје. Ваквиот јубилеј на еден од најпознатите македонски брендови беше одбележан на несекојдневен, атрактивен начин – со подготвување на плескавица од 90 килограми, што според достапните податоци претставува рекордно достигнување во земјава и пошироко.

prilep skopsko1

„Ние во Пивара Скопје сме навикнати на рекорди. Тие се составен дел од нашата традиција од една страна, но и наша цел за во иднина. Но, успехот не значи ништо ако не го споделиме со љубителите на нашите брендови. Во случајов тоа е СКОПСКО, како бренд со најдолга традиција, кој за овие 90 години прерасна во синоним за пиво во Македонија. И на ваков начин, со подготовка на рекордно голема плескавица, сите ние му оддаваме почит која ја заслужува, затоа што едно е СКОПСКО“, изјави Александар Ружевиќ, Генерален директор на Пивара Скопје.

За подготвување на чудото од плескавица беше задолжен тим од 10-ина скара-мајстори, а целата процедура на подготовка на ова гастрономско изненадување траеше повеќе часови.

prilep skopsko2

„Предизвикот да се подготви оваа атракција беше голем колку и самата плескавица. Неопходни беа темелни подготовки, соодветен план и координација. Горди сме што поставивме рекорд за што најголема заслуга има СКОПСКО и Пивара Скопје“, изјави Диме Ѓорѓиоски, менаџер на хотел „Салида“, кој во оваа специјална пригода ја откри и тајната состојка за подготовка на џиновската плескавица.

„Нема добра скара без добро пиво. Во тоа се крие тајната на секој мајстор на скарата. Покрај најдобро месо и соодветните зачини, при подготовка на најголемата плескавица додадовме и СКОПСКО. Тоа ѝ дава специјален вкус и неодолива свежина која отвора апетит и предизвикува уживање. На крај, за совршена консумација уживајте со ладно СКОПСКО“, дециден е менаџерот на угостителскиот објект каде се подготвувуваше рекордно големата плескавица.

prilep skopsko3

Судејќи според одличната атмосфера и искуството од минатите фестивали, посетителите во четирите фестивалски денови на 12-тиот Пивофест, ќе имаат нова прекрасна можност да уживаат и да се забавуваат со одлично пиво, вкусна храна и музика прилагодена кон вкусовите на сите генерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП